Сопственикот на компанијата „Чеук Нанг Холдингс“, милијардерот од Хонгконг, Сесил Чао, дал понуда што ретко кој може да ја одбие. Овој богаташ му нуди 180 милиони долари на мажот што ќе ѝ го освои срцето на неговата ќерка.

Имено, според информациите, имало повеќе од 20.000 заинтересирани, но никој не можел да ја освои наградата благодарение на еден едноставен факт – ќерката на милијардерот е лезбејка. Неговата ќерка се вика Џиџи, има 36 години и е среќно мажена за својата партнерка, но богатиот татко, кој бил познат плејбој во младоста, не се откажува од својата замисла. На прашањето зошто толку многу сака неговата ќерка да се омажи за маж, Сесил вели:

„Не би ја присилувал да се омажи за маж, но сакам да добијам внуци и зет“, појаснил тој.

Овој богаташ првата понуда ја дал во 2012 година и таа гласела на 60 милиони долари, подоцна повторно се огласил во 2014 година и тогаш износот го зголемил на 120 милиони, а неодамна понудил неверојатни 180 милиони долари. Со цел на потенцијалните кандидати да им покаже што ги очекува доколку ѝ го освојат срцето на неговата ќерка, Сесил ја отворил вратата на својата луксузна вила.