Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави вчера дека неговиот американски колега Доналд Трамп со неодамнешната изјава дека американските сили остануваат во Ирак за да го надгледуваат Иран, откри дека Американците лажат зашто претходно рече дека на теренот се борат против тероризмот.
Трамп неодамна во изјава за американската телевизиска мрежа ЦБС Њус рече дека САД имаат „неверојатна база“ во Ирак и дека имаат намера да ја задржат за да можат да го надгледуваат Иран.
– Велите дека останувате во Ирак за да го надгледувате Иран, а претходно наведовте дека останувате поради борбата против тероризмот. Така е убаво кога искрено се изразувате, изјави иронично Рохани, коментирајќи ја изјавата на Трамп.
Тој додаде:
– Во Авганистан сте со иста цел. Сакате да ги надгледувате или Иран, Русија или Кина, дополни претседателот на Иран.