Американскиот претседател Доналд Трамп планира да има средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во Виетнам на 27 и 28 февруари каде ќе продолжат разговорите за нуклеарно разоружување на Пјонгјанг.

Трамп го откри датумот во „Говорот за состојбата на нацијата“. Се уште не е јасно во кој град ќе се одржи средбата.

Виетнам има добри односи со САД и со Северна Кореја. Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја посети таа држава во јули.