Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини венецуелскиот претседател дека блокира хуманитарна помош на САД за неговата држава.

„Венецуелскиот народ има голема потреба за хуманитарна помош. САД и други држави се обидуваат да му помогнат, но армијата на Венецуела по наредба на Мадуро блокираше помош со камиони и бродови“, објави Помпео на Твитер.

„Режимот на Мадуро треба да дозволи помошта да стигне до прегладнетиот народ“, додаде тој.

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо кој се самопрогласи за времен претседател на Венецуела, се обидува да организира пристигнување на таа меѓународна помош.

Претседателот Мадуро се спротиставува со аргументот дека станува збор за странско воено мешање.

– Тие сакаат да испратат два камиона…Венецуела нема потреба од милостина. Ако сакаат да помогнат, нека ги прекинат блокадите и санкциите, изјави Мадуро. Тој додаде дека државата нема да биде „понижена“ со „шоу со хуманитарна помош“.