Татјана Невка, сопруга на гласноговорникот на рускиот претседател Путин, поседува империја вредна над 10 милиони долари и гради дворец на брегот на река во Подмосковието, пишува Гардијан.
Весникот, и извесен центар „Досие“ финансиран од Михаил Ходорковски, дамнешен непријател на Путин, извршиле истражување за имотот на Невка.
Таа имала значително богатство и пред бракот со Песков, но се покажало дека сега брачниот пар има поголема актива од таа што била прикажана во јавноста.
Меѓудругото, Гардијан пишува дека Невка успеала да купи парцела на улицата „Рубљовка“ за 300 милиони рубљи во моментот кога продавачот на имотот – 2012 година – барал двојно повеќе. Станувало збор за Тимур Халдиров кој е поврзан со олигархот Алишер Усманов.
Халзаров, на прашање на весникот одговорил дека парцелата ја продал по пониска цена од таа која првично ја побараувал бидејќи тогаш се случил голем пад на цените на недвижностите.
Невка го посочила истото, додавајќи дека редовно плаќа данок.