Седумдесет отсто од слуаите на починати мажи во Русија се поврзани со алкохолот. Тоа го изјави министерот за здравство на Русија, Вероника Скворцова.

Таа во изјава за радиото Вести ФМ, рече дека 70 отсто од случаите на смрт кај работоспособни мажи е заради алкохол и нагласи за неколку заболувања како резултат на преголема конзумација на алкохол – цироза, панкреонекроза и висок крвен притисок.

Министерката додаде дека значително е намалена смртноста од прекумерно пиење алкохол бидејќи на пазарите на алкохолни пијалоци има промени и се продаваат со помалку лажни етикети.

Во август 2018 година експерти од Министерството за здравство на Русија соопштија дека мажите во Русија и Источна Европа умираат пред жените заради употребата на алкохолни пијалоци. СЗО предупредува дека алкохолот е причина за седум видови рак.