Командантот на Јужната команда на Вооружените сили на САД, адмирал Крејг Фолер, денеска во Сенатот порача дека Армијата е подготвена да го заштити американскиот персонал и дипломатските објекти во Венецуела, доколку тоа биде потребно.
– Ние сме подготвени да го заштитиме американскиот персонал и дипломатските објекти, ако тоа биде потребно, рече Фолер пред сенатскиот Комитет за воооружените сили.
Фолер не прецизира на кој начин војската на САД ќе одговори „во случај на потреба“.