Швајцарија објави предизвик кон хакерите кои ќе успеат да го пробијат нивниот систем за електронско гласање од нова генерација, со доделување награда од 150 илјади швајцарски франци.
Федералната влада соопшти дека ќе организира тест гласање од 25 февруари до 24 март и ги покани „компјутерските генијалци“ кои сакаат да ги испробаат своите умешности да се пријават на адресата https://onlinevote-pit.ch./
Висината на наградата зависи до кое ниво „ќе се пробие хакерот“.
Големата награда од 50.000 франци е за оној кој ќе успее да ги изманипулира гласачки ливчиња без да биде пресретнат. Нарушување тајно гласање се наградува со 10.000 франци, а уништување електронска папка каде се собрани ливчиња носи награда од 5.000 франци.