СДСМ бега од предвремени парламентарни избори затоа што му е страв од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската парија оценува дека македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази кои му ги приредија. Токму затоа, вели ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува.
-Ветуваа едно општество за сите, но прво што направија е тоа што го поделија македонското општество. Поради неуставното носење на законот за јазици, Македонија е поларизирана како никогаш досега во историјата, оценуваат од партијата.
Оттаму потенцираат дека токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за СДСМ да замине во историјата, а граѓаните и Република Македонија конечно да почнат да напредуваат.