Генералното собрание на ОН во петокот изгласа нови непостојани членови во Советот за безбедност со двегодишен мандат.
Германија, Белгија, Јужна Африка, Доминиканска Република и Индонезија мандатот ќе го почнат на 1 јануари 2019.
Советот е единственото тело на ОН кое носи правно обврзувачки одлуки и има овластување да наметнува санкции како и да авторизира употреба на сила.
Индонезија освои повеќе гласови од Малдиви во натпреварот за едно седиште од Азиско-пацифичкиот регион со 144 наспроти 46, додека другите земји немаа противкандидати.
Во Генералното собрание Германија доби 184 гласа од 190, а и другите земји сите добија по повеќе од 180 гласови. Германија и Белгија ги заземаат двете места по клуч обезбедени за Западна Европа.
Итересно е што Израел ја повлече кандидатурата за да избегне катастрофален пораз затоа што не може да добие повеќе од 50 гласови.