Во обраќањето пред учесниците на Самитот во главниот град на Етиопија, Сиси истакна дека во центарот на неговата работа на таа должност ќе биде безбедноста на африканскиот континент.
– Нашата работа мора и натаму да биде насочена на унапредување на сеопфатниот и одржлив мир и на безбедноста во Африка. Посредувањето и превентивната дипломатија ќе останат приоритет на Африканската унија, рече Сиси.
Тој истакна и дека борбата против тероризмот бара идентификување на тие кои го поддржуваат и финансираат, како и заеднички ангажман.
– Свесни сме за тешкотиите и сложеноста на таа борба и затоа ова е единствен начин да го победиме тероризмот и да го искорениме, рече египетскиот претседател.
Сиси на местото претседавач со АУ го замени претседателот на Руанда, Пол Кагаме. Мандатот е една година