Климатските промени се перцепираат како најголема светска закана. По нив следуваат стравувања поврзани со тероризам и кибербезбедност, се наведува во резултати од анкета на истражувачкиот центар „Пју“.
Во 13 од 26 држави што биле во анкетата, учесниците ги посочуваат климатските промени како најголема закана.
Осум држави го определуваат тероризмот на џихадистите од Исламска држава како најголема закана и во четири меѓу кои Јапонија и Јужна Кореја, тоа се кибернападите извршени од други држави.
Во анкетата се нагласува и за пораст на стравувања од силата и влијанието на САД во споредба со исти такви анкети во 2013 година и во 2017 година.