Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја изјави дека Москва е „силно загрижена дека некои вжештени глави може да разгледаат воена акции против Венецуела“.

Во изјавата Небензја ја определи таа варијанта како „многу лош развој на ситуацијата“.

Тој додаде дека дури и оние јужноамерикански држави што ја поддржуваат венецуелската опозиција, „се категорично против воени акции и интервенции во Венецуела“.

Според нео, хуманитарната помош што се транспортира кон границите на Венецуела се користи како „средство за политичка игра“ и оти тоа провокација што може „да предизвика нешто многу полошо“.