Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната температура од три до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната температура до девет степени.

Од утре следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. За време на викендот утринските температури насекаде ќе бидат под нулата.