Иран побара од Пакистан да ги пронајде екстремистите одговорни за неодамнешнииот напад во кој беа убиени 27 припадници на Револуционерната иранска гарда.
– Доколку Пакистан не ги сполни своите обврски, Иран го задржува правото да се соочи со заканите на својата граница врз основа на меѓународното право, и ќе ги казни теротистите, изјави генeрал Мухамед Али Џафари, командант на Rеволуционерната гарда.
Тој ги обвини САД и Израел дека и „наредиле“ на Саудиска Арабија и на ОАЕ да го извршат нападот. Одговорност за нападот презеде терористичката група Џаиш ал-Адл Суни која е активна на иранско-пакистанската граница.