Апсолутно како и секогаш со цело срце ќе го поддржам секој кандидат кој оваа конвенција ќе го избере. Од понеделник тргнуваме заедно сложни. Нема место каде нема да појдеме. Втора работа, кандидат за премиер на ВМРО-ДПМНЕ е нашиот лидер Христијан Мицкоски, партијата е обединета сплотена и сложна – рече Ѓорчев пред да ги повика делегатите да гласаат за него.
Веќе ги вадат таблите кај што пишува „Република Македонија“. Ако треба нека ни ги дадат нам, ќе ги чуваме и по подруми, и по тавани. Ќе дојде време кога повторно ќе ни требаат. Тоа е нашиот аманет – Република Македонија – рече Ѓорчев.
Ѓорчев на присутните им посочи да гласаат за човек кој знае што значо кратеницата УМС, да гласаат за кандидат кој има и Фејсбук и Твитер и Инстаграм и оти и со лајкови и со терен ќе го победат СДСМ. Го истакна своето искуство и својот допринос во ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 25 години. Тој на делегатите им порача да не го изневерат и дека ова е најважниот ден во неговиот живот.