Премиерот Зоран Заев и членовите на делегацијата денеска на конференцијата за безбедност во Минхен се сретнаа со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.
– Двајцата премиери изразија големо задоволство од односите меѓу двете земји меѓу кои не постои отворено прашање и изразија подготвеност да настојуваат на зацврстување и на проширување на соработката во многу области, особено во делот на соработката и размената на информации за безбедносни прашања. На средбата косовскиот премиер Харадинај им честиташе на претставниците на делегацијата на Република Северна Македонија за статусот поканета членка во НАТО и изрази надеж дека ратификацијата на Протоколот за пристапување ќе заврши многу брзо со што нашата земја ќе се стекне со полноправно членство во Алијансата. Оваа нова реалност на Западен Балкан е од особено значење за целиот регион, беше истакнато на средбата и означува момент кој ќе придонесе и мирот и стабилноста како основа за севкупен и економски развој на регионот во целина, информира владината прес-служба.
Во разговорот меѓу членовите на делегацијата на Северна Македонија, предводена од премиерот Заев, и делегацијата на Косово, предводена од премиерот Харадинај, потврдена е и натамошната заемна поддршка меѓу двете земји и за европските аспирации како стартешки интерес за граѓаните на двете земји.