Словенец на возраст од 54 години е притворен на Тајланд бидејќи оштетил изборни плакати на партијата Палан Прачарат на кои е фотографија од премиерот Пајут Чан-о-ча. Откако бил откриен, своjот вандализам во полиција го објаснил со – невозвратена љубов.

Неименуваниот Словенец оштетил  на празникот Св. Валентин на исток на Тајланд, осум плакати од локалниот кандидат Чалонг Маларелта на кои била и фотографија од премиерот.

Полицијата го открила Словенецот по прегледување снимки од видео-камери, но дупката во челото на премиерот на плакатот не била предизвикана од ножот кој го поседувал Совенецот. Тој сепак признал дека ги оштетил плакатите со необично објаснување дека тоа го направил во пијана состојба и поради љубовно разочарување.

Во полиција дал исказ дека за Денот на вљубените имал намера да ја запроси својата тајландска пријателка, но таа не дошла на состанок правдајќи се со обврски како волонтерка во предизборна кампања на Чалонг Маралерта.