Сергеј Скрипал е мртов, објави роднина на поранешниот руски агент.

Според Викторија Скрипал, нејзиниот чичко бил кремиран, а британските власти ќе објават дека тоа се случило по негово барање за да се скрие информација, јавија руски медиуми.

Британски медиуми јавија дека состојбата на Скрипал се влошила, но не е критична. Сергеј Скрипал (67) и неговата ќерка Јулија беа отруени со Новичок во градот Солсбери на 4 март 2018 година. Според лекари, тој никогаш немало целосно да се излекува од труењето со Новичок.