Првата приватна банка во светот УБС денеска е осудена во Франција за нелегални банкарски постапки и перење пари со отежнувачки околности на даночна измама, јави дописникот на МИА.
Швајцарската банкарска групација УБС мора да плати парична казна од 3,7 милијарди евра порадио даночни измами, што е рекордна сума.
УБС е обвинета дека им помогнала на илјадници француски даночните обврзници во затајување данок во периодот од 2004 до 2012 година. Банката, исто така, ќе плати 800 милиони евра отштета на француската држава.
Адвокатите на УБС најавија жалба на пресудата.