Вработените во локалната самоуправа во Грција рано утрово започна 24-часовен штрајк, поради неисплатените додатоци за опасна и нездрава работа за илјадниците вработени во комуналните и техничките служби на општините, јави МИА од Атина.
Паралелно со штрајкот, чиј организтор е Грчката федерација на вработени во локалната самоуправа, закажан е и протест пред Министерството за финансии на Грција.
Штрајкот на вработените во локалната самоуправа го поддржа и еден од најголемите грчки синдикати, оној на вработените во државниот сектор.