Владата на Венецуела нареди да биде затворена делумно границата со Колумбија само неколку часа пред почетокот на спроведувањето на планот поддржан од САД за доставување хуманитарна помош и покрај несогласувањата на претседателот Николас Мадуро.
Венецуелскиот потпретседател Делси Родригез на Твитер објави дека владата наредува времено да бидат затворени три гранични пунктови во државата Тачира поради „сериозните и незаконски закани“ врз мирот во Венецуела и суверенитетот на државата, а кои доаѓаат од колумбиската влада.
Пограничниот регион е местото од каде приврзаниците на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо сакаат да достават неколку тони храна и лекови доставени во изминатите денови со авиони од САД.