Најмалку 84 луѓе, претежно работници на плантажи за чај во Индија починаа како последица на труење со отровен алкохол, произведен во домашни услови, соопшти индискиот министер за енергетика Тапан Гогои. Хосппитализирани се околу 200 лица.

Жртвите се од плантажи во окрузите Голагхат и Џорхат во државата Асам. Голем број од хоспитализираните се во критична состојба.

Сопственикот на локална продавница за алкохол и уште осум луѓе се уапсени.

Индијците често конзумираат алкохол од домашно производство, наречен „хуч“, бидејќи не можат да се дозволат алкохол од лиценцирани производители.