Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави денеска дека владата ги прекинува дипломатските односи со Колумбија.

– Ги прекинуваме дипломатските односи со Колумбија, изјави Мадуро на митинг во Каракас.

Тој додаде дека Венецуела ќе протера неколку колумбиски дипломати заради помошта на Колумбија за напорите на опозицијата за внесување на хуманитарната помош.

– Веќе немаме трпение, не можеме да се помириме со тоа што колумбиската територија се користи за напади врз Венецуела. Поради таа причина, одлучив да ги прекинеме сите политички и дипломатски односи со фашистичката влада во Колумбија, изјави тој.

Мадуро додаде дека колумбискиот амбасадор и персоналот треба да ја напуштат Венецуела во рок од 24 часа.