Таа посочи дека доколку ја добие довербата од граѓаните ќе предложи конкретни промени за подобрување на животот граѓаните. Таа вели дека ќе креира уставна рамка за конечно во Македонија да добиеме функционална демократија и вистинска поделба на власта.
-Јас предлагам конкретни промени, тоа го сторив и на Конвецијата, тоа го сторив и на вчерашната средба јас предлагам прво користење на уставните овласувања на претседателот на сосема поинаков начин од сегашните. Јас предлагам и посочив дека ако успеам како овластен предлагач на амадмани, а ќе успеам ако ме изберат да направам комисија која ќе го отвори од суштински аспект прашањето на Уставот за да креира уставна рамка за функционална демократија во Република Македонија па да не е важно кој ќе дојде на власт од прашањето на поделбата на власта која ја нема. До прашањето на кохабитацијата и соработката до квалитетот на кабинетот на претседателот, до ветото до обраќањето кое што секогаш беше само еднаш, а сега треба по мене да биде секогаш кога претседателот ќе сака да им предочи на граѓаните што се случува и кои се проблемите во државата. Значи тоа се конкретни предлози, рече Силјановска.
Во врска со прашањето за бојкот на претседателските избори по примерот на референдумот, таа истакна:
-Да го бојкотирав референдумот затоа што не можев да легитимитирам нешто што беше донесено во процедура надвор од Уставот и од меѓународното право, истакна Силјановска Давкова.
Таа посочи дека на овие претседателски избори треба граѓаните да излезат да гласаат бидејќи победата на овие избори ќе значи делигитимитирање на сегашната власта и тоа нужно ќе води кон предвремени парламентарни извори.