Голем број родители се прилично сигурни кога им дозволуваат на своите деца да го гледаат каналот за деца – YouTube Kids. Но загрижувачки видео-запис на кој неодамна наишле некои мајки укажува на тоа дека тој канал знае содржински да биде опасен за млади.
Фри Хес, мајка од Флорида на YouTube Kids пронашла видео-содржини кои на деца им даваат упатства за тоа како да извршат самоубиство.
Хес видела прв таков запис во април минатата година.
Имено, во цртан филм бил вметната видео снимка од човек со очила за сонце кој на деца им зборувал како да си го пресечат гркланот. На вработените во YouTube им требало една недела да го избришат тој материјал.
Овој месец повторно наишла на сличен видео запис ма YouTube, вели таа за Си-Ен-Ен. Во YouTube им требало некјолку денови за да ја избришат таа содржина.
Таа продолжила да истражува по YouTube и наишла на видео материјали кои величаат сексуално искористување ,злоставување, трговија со луѓе, купување оружје и семејно насилство. Пронашла и едно видео базирано на популарната игра Мајнкрафт во кое е прикажано масовно пукање во школо.