Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса повика на директни разговори меѓу венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот американски колега Доналд Трамп, со цел да помогнат во справувањето со кризата во земјата.

– Ние нудиме пат на дијалог, дури и со САД. Зошто да не се сретнат претседателот Трамп и претседателот Мадуро, рече Ареаса во обраќањето до Советот за човекови права на Обединетите нации.