Група неидентификувани мажи влегле во амбасадата на Северна Кореја во Мадрид минатиот петок и ги заврзала вработените, за после четири часа да замине со компјутерите, објави денеска порталот „Конфиденшл“, повикувајќи се на извор во Министерството за надворешни работи.

Западните медиуми информираат дека претставник на шпанското МНР рекол оти полицијата го истражува инцидентот, беа да изнесе детали, освен дека еден државјанин на Северна Кореја е повреден и дека никој не поднел тужба.

„Конфеденшл“ пренесува дека една од вработените успеала да се ослободи и да побегне и да ги алармира соседите со врескање. Откако на полицијата и кажала дека персоналот е врзан, полицајците тропнале на вратата и еден маж им рекол дека се е во ред. Набрзо потоа два автомобили го напуштиле комплексот со голема брзина. Во еден од нив бил и човекот кој ја отворил вратата. Веднаш потоа и персоналот излегол од амбасадата.

„Конфеденшл“ пишува дека напаѓачите ги зеле компјутерите и оти полицијата се обидува да утврди какви информации тие содржеле и што друго недостасува.