Египетскиот министер за сообраќај Хишам Арафат денеска поднесе оставка по железничката несреќа во која животот го загубија 25 лица, соопшти неговиот кабинет.

Премиерот Мустафа Мадбули ја прифати неговата оставка.

Најмалку 25 лица загинаа, а 50 се повредени кога локомотива проби бетонска рампа на главната железничка станица во Каиро, што предизвика експлозија и пожар.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека возот не запрел кога стасал на перонот. Според министерот за сообраќај, потоа експлодирал резервораот на возот, што предизвикало пожар.

Безбедносните власти тврдат дека не постојат индиции дека несреќата била намерно предизвикана.