Официјален Пекинг од синоќа забрани речен риболов што ќе трае четири месеци – до 30 јуни со цел да се заштитат водните ресурси во кинеските реки.
Со забраната се засегнати реки, притоки на езера и големи слатководни басени. На луѓето кои тоа им е професија, властите ќе им даваат посебни дозволи.
Драстичната мерка е воведена поради влошувањето во изминатите години на состојбата со бројноста на риби во реките и езерата во Кина.
Од синоќа по реките во дел од регионите во Кина патролираат над 50 моторни чамци и 300 луѓе кои ќе казнуваат.