„Основната причина поради која се кандидирам е дека само со македонски кандидати – без ниту еден Албанец – ова мултиетничко општество ризикува да се претвори во моноетничка држава, а Албанците да бидат само гласачи – но не и гласани“, објаснува професорот и поранешен амбасадор Блерим Река за причините поради кои тој се кандидира за претседател на Македонија.
Река завчера на својот ФБ профил објави:
„Не можејќи да им одговорам на сите пријатели и медиуми, на овој начин ја објавувам мојата независна кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, со надеж дека ќе биде поддржана.
Постојат две причини за мојата одлука.
Првата е дека само со македонски кандидати – без ниту еден Албанец – ова мултиетничко општество ризикува да се претвори во моноетничка држава, а Албанците да бидат само гласачи – но не и гласани.
Втората е дека не е доволна само интелектуална критика, без да се влезе во политичка двобој со цел да се промени ситуацијата. Критиките на Фејсбук остануваат виртуелни, додела животот е реален. Впрочем историјата ја пишуваат државнците, а интелектуалците само пишуваат за историјата“, објави вчера Блерим Река.