Италијанската полиција го уапси во Неапол шефот на неаполската мафија.
Станува збор за Марко ди Лауро, четвртиот син на шефот Паоло ди Лауро и последен кој е на слобода.
Марко ди Лауро (38) беше уапсен без да пружи отпор. Од 2006 година за него има издадено европска потерница за апсење. Тој е втор во списокот на најбарани криминалци во Италија, по сицилијанскиот шеф на мафијата Месина Денаро.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини го поздрави успехот на операцијата.