Светот се стреми кон еднаквост меѓу половите, но се движи во таа насока со многу бавно темпо, се нагласува во извештај на Светска банка.

Во моментот само шест држави гарантираат еднакви права меѓу мажите и жените што е сепак зголемување од „нула“ пред една деценија, кога Банката почнала со оценување на државите по тој критериум.

Белгија, Данска, Франција, Латвија, Луксембург и Шведска се единствените што добиле оценка 100 во извештајот „Жените бизнисот и законите во 2019 година“, на СБ.

Од тие држави најголем напредок има во Франција во изминатите 10 години.

Државите од Блискиот исток и Африка се со просечна оценка од 47 од 100 поени што означува дека во тие држави жените имаат помалку од половината права што ги имаат мажите.

Просечната глобална оценка е 74.71 поени со зголемување од 4.5 поени во споредба со податоци од пред една деценија. И покрај тоа, Светска банка нагласува дека во секоја просечна по оценка држава, жените имаат само 3/4 од правата на мажите.