Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири степени, а дневната ќе биде во интервал од пет до 15 степени.
Од понеделник повторно ќе преовладува стабилно и потопло време со
претежно југозападен ветер. Од вторник на југоистокот температурата ќе надминува 20 степени.