Ќе има пребројување во грчкиот парламент околу постигнатиот договор за името, дознава „Катимерини“ од неименувани извори од опозицијата.

Според весникот, Нова демократија планира да побара гласање за доверба на Владата на Алексис Ципрас. Ова барање е условно, односно, како што рекол изворот, првин ќе се побара пребројување, односно премиерот Ципрас да покаже дека им а парламентарно мнозинство. Доколку не успее во тоа, тогаш Нова демократја поднесува барање за гласање доверба за владата.

Одговорот  од владата опозициската партија го чека денеска на полноќ.

Инаку, за утре е планирана пленарна седница во парламентот, на која Ципрас ќе го претстави планот, а веројатно и тогаш ќе се пребројуваат глаовите од политичките групи. Но, очигледно е дека Нова демократија нема трпение да чека 24 часа.

Една од причините е што Ципрас планира да го потпише договорот пред даима парламентарна дебата, а со истата тактика настапува и Заев во Македонија, по што може да се аклучи дека процесот е добро диригиран од двете страни и веројатно со голема западна помош.