Одборот за правни прашања при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе започне истрага против претседателот на САД, Доналд Трамп и неговите соработници поради можни опструкции на правдата, корупција и злоупотреба на овластувањата.
Претседавачот со Одборот, демократот Џери Надлер изјави дека денеска ќе бидат побарани документи од над 60 луѓе од администрацијата на Трамп, семејството и деловните партнери, во рамки на проширување на истрагата за руското мешање во американските избори во 2016 година.
Надлер истакна дека Одборот ќе побара документи од Министерството за правда, но и од финансискиот директор на „Организацијата Трамп“ Ален Вајселберг, но и од синот на претседателот, Доналд Трамп Помладиот.
Одборот, исто така, го повика поранешниот вршител на должност државен обвинител, Метју Витекер, и планира повторно да го сослуша то текот на следните недели.