Главната финансиска директорка на „Хуавеи“, Менг Ванжу поднесе тужба против канадските власти со тврдење дека и се прекршени нејзините уставни права кога беше приведена во декември.

Менг ја тужи канадската влада, пограничната служба и полицијата поради „сериозни повреди“ на нејзините граѓански права бидејќи била приведена, испрашувања, па дури потоа и било речено дека е уапсена.

Таа во декември минатата година на барање на САД беше приведена на аеродромот во Ванкувер под сомневање за измами и за кршење на американски санкции против Иран.

Пред суд во покраината Британска Колумбија треба да се појави в среда и да побара отштета поради „злоупотреба на јавна положба“ и „погрешен притвор“, се нагласува во документ што го објавија канадски медиуми.