Сообраќајната полиција викендов спроведе акција за проверка на возачите во повеќе општини во Македонија.
Една третина од контролираните возачи во Куманово возеле под дејство на алкохол, утврди СВР Куманово при акциската контрола спроведена ноќта меѓу 2 и 3 март.
– Од извршената контрола, контролирани се 85 возачи, а кај 27 возачи е утврдено присуство на алкохол, се наведува во соопштението од СВР Куманово.
Оттаму информираат дека од сообраќај се исклучени 27 возачи, а откриени се и осум други прекршоци.
И во Велес, Кавадарци и Неготино 18 возачи во саботата и неделата возеле под дејство на алкохол.
При акциската контрола на СВР Велес во Велес се регистрирани 7, Кавадарци 9 прекршоци и Неготино два.
Како што појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, на сите возачи им се издадени мандатни платни налози за сторениот прекршок и истите се отстранети од сообраќај.