Kандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска оствари посета со жителите на Општина Сопиште.
Силјановска Давкова пред присутните граѓани истакна дека ова што го прави Зоран Заев, нарекувајќи го „Заевизам“ ќе се проучува од страна на науката, додавајќи дека од демократијата во Република Македонија нема ниту трага.
-Значи гледам сега некои анализи за Западниот Балкан, дали функционира или не демократијата во овие неколку години и без исклучок, вклучувајќи ја и Македонија се вели дека од демократијата нема ниту траг, дека авторитаризмот е силен. Во Македонија, авторитаризмот има име Заевизам ама тоа не значи само концентрација на власта во еден човек или во една група во него, туку значи многу повеќе. Значи дека претходно некој ја укинал поделбата на власта што е загарантирана во Уставот, законодавна извршна и судска, вели Силјановска Давкова.
Таа додаде дека поделбата на власта на извршна судска и законодавна, не е случајна, туку напротив претставува една спрега, како што рече кочница за да не се мешаат овие три власти.
Според Силјановска Давкова, Заевизмот во Република Македонија ја избришал оваа поделба и кочница со потпишување на Преспанскиот договор, односно како што рече таа склучување на меѓународни договори се во надлежност на Претседателот на државата, а не на министерот за надворешни работи.
-Не случајно е поделбата е поделбата на власта, за да има секоја од трите власти, спрега, кочница во однос на другата власт. Значи Заевизмот од една страна значи укинување на спрегите и кочниците меѓу двете глави на извршната власт, претседателот, владата и премиерот. Претседателот целосно е отстранет, дури и од функции кои што се секогаш претседателски, како што е склучувањето на меѓународните договори, па видовте вие дека наместо Претседателот на државата, кој што со право ќе одбиеше да го склучи, го потпиша, го склучи министерот за надворешни работи, потенцираше Силјановска Давкова.