Во најжешкото австралиско лето откако се води статистика, се регистрирани над 200 климатски рекорди. Тоа го нагласува во извешптај организацијата „Клајмаут каунсел“ базирана во Сиднеј.
Тие наведуваат дека само за 90 денови во државата се регистрирани 206 климатски рекорди.
– Карактеристика за летото беа долгите горештини, сушата во источниот дел од Австралија и шумските пожари во целата држава, изјави Аманда Маккензи од Клајмат каунсел.
– Летото во Австралија со „пеколните“ температури на места беше сезона за тревога.
Шумските пожари почнаа порано и погодија региони кои обично не се засегнати – дождовните шуми во Тасманија и Квинсленд. Силните врнежи и поплави во крајот на јануари и почетокот на февруари нанесоа непоправливи штети во северниот дел од Квинсленд. Жештините беа толку големи што на места плодовите на дрвјата беа испечени, наведоа од таа организација.