Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти ја прокоментира елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампиони. Францускиот тим го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 како гостин, но во реваншот загуби со 1:3 и го заврши своето учество во турнирот.
– Тоа беше незамисливо. Едноставно неверојатно. Ако бев на местото на тренерот на ПСЖ, не знам што ќе направев. Веројатно би отишол до најблискиот мост и би скокнал од него, изјави искусниот стратег, цитиран од „Скај Спорт Италија“.
Италијанскиот тренер ги водеше парижани од 2011-2013 година. Сега тимот го води германскиот стратег, Томас Тукел, кој минатото лето ја презеде функцијата.