Германски војници денеска подаруваа каранфили и рози пред Брандебуршката порта во Берлин по повод Меѓународниот ден на жената за да привлечат повеќе жени во редовите на армијата.
„Ние се бориме за слобода, безбедност и рамноправност“, гласи мотото на кампањата.
-Прашањето не е дали сте маж или жена туку дали сте подготвени да и служите на државата, изјави портпоаролка на Министерството за одбрана.
– Жените нема да добијат посебен однос. Ќе извршуваат задачи исто толку упорно колку и мажите, нагласи таа.
Пред 30 години во германската армија имало 260 жени. Сега бројот им е 22.100 според податоци на Министерството. Речиси 20 отсто од граѓанските и воени функции ги имаат жени. Во моментот, една третина од кандидатите за офицерски курсеви се жени.