Претседателот на Судан, Омар ал Башир нареди да се ослободат сите политички затворенички во државата уапсени за време на протестите во земјата.
– Му наредивме на шефот на разузнавачката служба Салах Гошу, без одложување, да ги пушти сите уапсени жени, рече Ал Башир.
Во јануари, министерот за внатрешни работи Ахмед Билал Осман изјави дека се уапсени околу 800 демонстранти, но дека околу 160 се ослободени истиот месец.
Илјадници жени протестираа во главниот град по повод Меѓународниот ден на жената.
Исто така, стотици луѓе учествуваа на протестите по муслиманската молитва, повикувајќи го претседателот Ал Башир да се повлече од функцијата.