СИЛЈАНОВСКА ОД ПРИЛЕП ДО ЗАЕВ: Ви завидуваме како спиете навечер, а преку ден ги газите коските на нашите претци!

/ 09.03.2019

Бев во Прилеп, градот херој. Ме мотивираше да помислам дека нам ни требаат херои за борба за родова еднаквост. Не да маршираат само жени од СДСМ на Меѓународниот ден на женските права. Тој не смее да добие партиски предзнак. Никој не смее да ги дели жените во нивната борба за еднаквост. Владата или партијата на власт најмалку треба да создава поделби и партизација на вредностите за кои генерации мажи и жени се бореле. Бидејќи не прозвале и не квалификувале дека сме завидливи да одговорам, напиша на својот Фејсбук профил кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска која додаде:

„Да, господине Заев, Ви завидуваме. Ви завидуваме како спиете навечер, а притоа да ја изгубите, продадете како суров трговец националната свест, да ги погазите коските на нашите предци. Ви завидуваме како се колнете во едно, а правите друго, и се уште имате лице да одите на чело на поворка.“

-Ви завидуваме како може да се повикувате на оддржливи цели и родова еднаквост, а Владата која ја водите две години нема донесено акциски план ниту индикатори за мерење на оддржливите цели кои ќе одговараат на спецификите и состојбите во земјата, ниту сте испратиле претставник на состаноците во ОН на оваа тема. И запомнете никој не е завидлив на заевизмот. Сите го презираат заевизмот, потенцираше Силјановска.


Од истата категорија