Американскиот претседател Доналд Трамп ќе побара од Конгресот зголемување на средствата за програми на НАСА за Месечината за 500 милиони долари за фискалната 2020 година што почнува на 1 октомври 2019 година.
Администрацијата на Трамп има намера од Конгресот да добие одобрување за 21 милијарда долари за сите програми на НАСА.
Тоа е за околу два отсто помалку отколку што НАСА доби оваа фискална година, но 5 отсто повеќе отколку што побараа минатата година.
Според податоци на НАСА за фискалната 2018 година побарале 820,8 милиони долари за програми за Месечината. НАСА за фискалната 2019 година бара повеќе од милијарда долари, а за 2020 година – 912,7 милијарди долари.
Главен приоритет е создавање на орбитална станица околу Месечината наречена Лунар гетвеј.