Како што јави дописникот на МИА од Атина, претседателот на Парламентот соопштил дека расправата ќе заврши со гласање во сабота во 14 часот, на што имаа приговор пратениците од опозициската Неа демократиа. Потпретседателот на партијата, пратеникот Костис Хаѕидакис рекол дека според правилникот, но и кога во 2013 СИРИЗА како опозиција доставила исто барање за гласање недоверба, расправата траела 3 дена и заврши со гласање на полноќ.
Претседателот на парламентот, Никос Вуцис рече дека „има посебна важност да заврши до 14 часот“. По реакциите од опозицијата, беше постигнат договор, во сабота расправата да трае колку што ќе има потреба, а седницата започна.
Седницата денес ќе трае до еден часот по полноќ, а утре и во сабота ќе започне во 9.30 часот наутро.
Пратениците во следните денови ќе дискутираат за работата на грчката Влада, а договорот со Македонија се очекува да биде главната тема, со оглед на тоа што токму договорот беше главната причина за барањето на опозицијата за гласање недоверба, но и со оглед на тоа што за утре беше закажана расправа за содржината на постигнатиот договор