Луис Хамилтон ги освои категорично квалификациите за ГП на Австралија, следен од својот тимски колега Валтери Ботас.
Ферари останаа на половина секунда зад Мерцедес, откако Себастијан Фетел беше побрз од Шарл Леклер, кој покажа завидна брзина, но остана петти по Макс Верстапен со Ред Бул.
Хас го повторија силниот старт од минатата година, откако Грожан и Магнусен се наредија на шесто и седмо место.
Одлично впечаток остави дебитантот во Мекларен, Ландо Норис, кој запиша осмо време.
Топ 10 ги затворија Кими Раиконен со Алфа Ромео и Серхио Перез со Рејсинг Поинт.