Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал го повреди коленото во натпреварот против Карен Хачанов во четвртфиналето на Индијан Велс.
И покрај болката во коленото, Шпанецот успеа да го совлада рускиот тенисер, но по натпреварот, тој не кажа многу за својата состојба пред новинарите.
– Се надевам дека ќе можам (да играм). Тешко ми е да дадам одговор на ова прашање сега, сè што можам да кажам може да го ставите во негативна конотација. Никој не може да гарантира што ќе се случи во наредните денови. Се е можно, изјави Надал по натпреварот.
Рафа славеше со 7:6, 7:6 против Хачанов, а сега го очекува „Ел Класико“ против Роџер Федерер.
– Се разбира, мојата цел е да бидам подготвен за утрешниот натпревар (со Федерер). Не можам да знам како ќе се разбудам наутро, рече Шпанецот по победата минатата ноќ