САД ќе остават во Сирија околу 1.000 војници по поразот врз ектремистичката група Исламска држава, објави „Волстрит џурнал“.
Во декември минатата година американскиот претседател Доналд Трамп објави победа против таа екстремистичка група и рече дека ќе ги повлече сите американски сили од Сирија.
Минатиот месец Белата куќа соопшти дека 400 војници ќе останат во Сирија. Во моментот околу 2.000 американски војници им помагаат на предводените од Курди, Сириски демократски сили во борбите против Исламска држава.
Според весникот, кој се повикува на американски официјални лица, американските сили ќе продолжат со соработка со Курдите.