Патниците на авион на Бритеш ервејс, кој полетал од Лондон, утрово беа изненадени кога, наместо во германскиот град Дизелдорф, слетале во шкотскиот главен град Единбург.

Како што објаснува Си-Ен-Ен, до грешката дошло поради неточно поднесен план за летови,  кој ги навел пилотите и членовите на екипажот да помислат дека треба да летаат до Единбург.

Патниците забележале дека има грешка кога авионот слетал и кога добиле пораката „добредојде во Единбург”.

Авионот подоцна полета за Дизелдорф, а од Бритиш ервејс соопштија дека соработуваат со WDL Aviation за да дознаат зошто е поднесен неточен план за летање.